Економија
Странските работници се преквалификувани за исто работно место кое го извршува работник од ЕУ
05.08.2024
Веројатноста странските работници кои доаѓаат на работа во Европската Унија да имаат поголеми квалификации од тоа што се бара на работното место е двапати поголема од квалификациите кои ги поседуваат домицилни работници од ЕУ, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Стапката на прекумерна квалификација иснесува 39,4 отсто за државјаните на земјите кои не се членки на ЕУ. Наспроти ова, процентот на прекумерната квалификација за државјаните во ЕУ изнесува 20,8 отсто, што е помалку во однос на претходната година, се наведува во истражувањето на статистичкиот завод на ЕУ.
Во 2023 година најголемо учество на прекумерно квалификувани државјани на земји кои не се членки на ЕУ е забележана во Грција (69,6 отсто), во Италија (64,1 отсто) и Шпанија (56 отсто).
Стапката на прекумерна квалификација според полот на работниците, е поголема кај жените. Во текот на 2023 година за 6,7 отсто има повеќе жени од земјите надвор од ЕУ кои извршувале работни задачи за кои се потребни помали квалификации од тие што ги поседуваат мажите. Овој процент кај другите државјаните од земјите од ЕУ изнесува 3,2 отсто, пренесува Б92.
Повисокиот процент на странски работници кои поседуваат повисоки квалификации за некое работно место, економистите го објаснуваат со поголемиот прилив на работници во ЕУ од другите земји, посебно од земјите од Западен Балкан, а кои се подготвени да прифатат и пониско платени работни места кои се нудат во земјите на ЕУ.
фото freepic