Економија

Институтот ИФО: Германската автомобилска индустрија се лизга во криза!

Во јули годинава деловната атмосферата во германската автомобилска индустрија значително се влошило, а индикаторот со кој се мери деловното расположение се намали од јунските -9,5 на минус 18,3 поени, се наведува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

- Германската автомобилска индустрија се повеќе се лизга во криза, изјави Анита Велфл, експерт во ИФО.

Компаниите се помалку се задоволни за своето тековно работење во однос на јуни и истовремено покажуваат поголем песимизам за развојот на својот бизнис во блиска иднина.

Вредноста на индикаторот со кој се оценува моменталната деловна состојба се намали за 10 поени, од јунските плус 3,2 поени на минус 6,8 поени. Вредноста на индексот со кој се мери очекувањето во иднината се намали од минус 21,3 на минус 29,1 поен.

Искористеноста на капацитетите во германската автомобилска индустрија се намали на 77,7 отсто, што е за девет отсто под долгогодишниот просек.

Германските компании се жалат на недоволни нарачки, но спасот кој е во поголема побарувачка од странство е далеку од хоризонтот, пишува „Еуроњуз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано