Економија

Во Хрватска 40 отсто од градежниците се странски работници, ги има од Узбекистан, Непал, Македонија...

За 2024 година во Хрватска се издадени 73.000 работни дозволи за работници од странство, а се очекува  до крајот на годинава бројот на барања за вработување на странци да се зголеми, претежно во градежништвото и туризмот.  Странските работници учествуваат со 40 отсто од вкупната работна сила во градниот сектор во Хрватска. Градежните фирми вработуваат претежно работници од Узбекистан, Турција, Индија, Непал, Албанија и Македонија.  

- На нашиот пазар нема доволно работници,а извршувањето на градежните работи во Хрватска во последните пет години не може да се реализира без увоз на работници од надвор, изјави Сањин Пуриќ, директор на градежна фирма во Хрватска во изјава за „Сеебиз“.

Според податоците на агенцијата „Фена“, врз основа на информациите од Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, најмногу дозволи за престој и за работа се издадени за државјаните од Босна и Херцеговина 18.503, од Непал 15.922, Србија 14.325, Индија 8.504, Македонија  7.236, Филипини 6.232, Бангладеш 5.338, а има работници и од Косово, Узбекистан и Египет.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано