Економија
Кинеските технолошки компании прават залихи од HBM чипови!
07.08.2024
Кинеските технолошки гиганти прават залихи од висококвалитетни чипови, бидејќи стравуваат од нови санкции од Вашингтон на извозот на полупроводници во Кина, пренесува „Еуроактив“, кој се повикува на информации од три неименувани извори.
Кинеските компании од почетокот на годината почнаа да купуваат поголеми количини на полупроводници со голема пропусна моќ (HBM ), кои имаат капацитет за операциите кои се користат во вештачката интелегенција (АИ).
Во првата половина на годинава 30 отсто од продажбата на „Самсунг“ се однесува на продажбата на чипови од кинеските технолошки компании, информира еден од неименуваните соговорници на „Еуроактив“.
Американските власти планираат овој месец да објават пакет за контрола на извозот со кој ќе се воведат нови ограничувања на испораките за попупроводници за кинеската инндустрија , објави „Ројтерс“ минатата недела.
Со новите мерки кон Кина се очекува да се постават параметрите за ограничување на пристапот на мемориските HBM чипови, кои се важна компонента во развојот на напредните процесори, кои можат да послужат за работа на генеративната вештачка интелегенција, пренесе Б92.
фото freepic