Lifestyle

ОБЈАВЕНИ ПРОСЕЧНИТЕ ЦЕНИ НА СЛАДОЛЕД ВО ЕУ, најскап сладолед се произведува во Австрија

Во Европската Унија во 2023 година се произведени 3,2 милијарди литри сладолед, што е за 1,4 отсто помалку во споредба со производството во 2022 година, објави денеска европската агенција за статистика Еуростат.

Германија е најголем производител на сладолед со 612 милиони литри, потоа Франција со 568 милиони литри и Италија со 527 милиони. Германија има и најниска просечна цена на сладолед од 1,8 евра за литар сладолед. Најскап сладолед се произведува во Австрија по цена од 7,7 евра за литар. Во Унгарија цената на литар сладолед е 4,8 евра, во Грција 3,7 евра. Во Франција просечната цена на сладолед е 2,2 евра и во Италија цената е 2,6 евра за литар сладолед.

Лани земјите членки на ЕУ извезле 261.000 тони сладолед во трети земји во вредност од една милијарда евра. Во ЕУ се увезени 56.000 тони сладолед  за што е платено 217 милиони евра.

Количината на извесениот сладолед е зголемена за пет отсто, а увозот од земјите кои не се членки на ЕУ е намален за осум отсто. Франција е најголем извозник на сладолед надвор од ЕУ со 52.000 тони, што е една петина од вкупниот извоз на сладолед . Холандија е втор извозник со 35.000 тони, следи Германија со 29.000 тони, пренесува НИН.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано