Економија

СРБИЈА Е НА ПРВО МЕСТО СО ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО ЕВРОПА, изјави Синиша Мали српскиот министер за финансии

Според досегашните достапни податоци за годинава, Србија е на прво место  во Европа според растот на БДП, објави министерот за финансии Синиша Мали.  

- Првиот квартал имавме стапка на раст од 4,7 отсто, другиот квартал 4,2 отсто. Во просек за првата половина на годината растот на БДП е 4,5 отсто. Значи, први сме во Европа. Со конечните резултати, мислам дека ќе бидеме најмалку меѓу првите две или три земји, изјави Мали за РТС, кој додаде дека Србија е апсолутен рекордер по привлекување на странските инвестиции во регионот.

Србија во првата половина на 2024 година, според достапните сегашни информации, беше најбрзо растечка економија во Европа. Србија во овој период остварила раст на економијата од 4,5 отсто, Шпанија со 2,8 отсто, Литванија со 2,2 отсто, Португалија со 1,5 отсто, Унгарија 1о 1,5 отсто и Франција со 1,3 отсто.


Извор и фото РТС

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано