Храната во Хрватска е за 22 отсто поскапа од просекот на Европската Унија,а највисоко отстапување од европските цени има кај соковите, минералната вода, чаевите и кафето. Цените за мебелот во Хрватска се 13 отсто пониски од просекот на ЕУ, цените за превозот за 11 отсто. Минатата година цените во рестораните, кафулињата и хотелите биле пониски за 10 отсто од европскиот просек, објави „Вечерњи.хр“.
Хрватските медиуми пишуваат и за високите цени на сместувањето и храната во годинашната туристичка сезона. „Јутарњи лист“ објави информација дека варена пченка на плажите се продава за седум евра. Но високите цени на храната се поизразени на хрватските острови, каде килограм смокви се продава за 10 евра, а сладолед од автомат во туристичко село во Паг чини четири евра.
За споредба, цените на еден клас пченка на зелените пазари во Загреб изнесува од 50 центи до едно веро. На пазарот во Шибеник еден клас пченка се продава за две евра.