Економија

КИНА ГО ГУБИ ЛИДЕРСТВОТО ВО ТРГОВИЈАТА СО ГЕРМАНИЈА, Берлин ја намалува економската изложеност кон Пекинг

Кина го изгуби местото на најважен трговски партнер на Германија и на нејзино место се најде САД. Според прелиминарните податоци на германскиот статистички завод, во првата половина на 2024 година, вкупниот извоз и увоз на Германија кон најголемата светска економија изнесува 127 милијарди евра (139 милијарди долари), а размената со Кина изнесуваше 122 милијарди евра, објави „Ројтерс“.

Во првиот квартал годинава САД ја претекна Кина, која беше долгогодишен најважен трговски партнер на Германија. Промената на позициите се случува во време кога Берлин настојува да ја намали изложеноста кон кинеската економија.

Лола Махлеид, експерт за надворешна трговија во Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), изјави дека отпорноста на американската економија и помогна во зголемување на германскиот извоз. Германскиот извоз во САД се зголеми за 3,3 отсто на 81 милијарда евра во првите шест месеци, а тргувањето со Кина се намали за три отсто  или достигна вредност од 48 милијарди евра.

Увозот од Кина во Германија се намали за осум отсто на 73,5 милијарди евра, додека увозот од САД се намали за 3,4 отсто на 46,1 милијарда евра, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано