Економија

СЛАБЕЕЊЕТО НА ЕВРОТО ВО ОДНОС НА ЛЕКОТ ГО НАМАЛИ ДОЛГОТ НА АЛБАНИЈА, земјата има најнизок јавен долг

Jавниот долг на Албанија во периодот јануари-јуни годинава е намален за 3 отсто, достигнувајќи најниско ниво во последната деценија, објави албанското  Министерството за финансии.
- Јавниот долг следеше силна надолна траекторија во текот на 2024 година и на крајот на јуни има ниво од  55,72 отсто. Во конкретни бројки вкупниот долг на крајот на вториот квартал е намален за околу 6 милијарди лека. Јавниот долг на крајот на минатата година изнесуваше  58,93 отсто од БДП, додека на крајот на 2014 година и тој беше над 70 отсто, стои во извештајот на министерството.
Според истиот извор на оваа позитивна состојба влијаело зголемувањето на буџетските приходи во последните неколку месеци
Во првите 6 месеци од годинава приходите бележат вредност од 342,8 милијарди лека или 7 отсто повеќе од истиот период лани. Друг фактор кој влијаеше на контролата на јавниот долг е контролата на буџетските расходи, но и слабеењето на еврото во однос на лекот, што имаше ефекти врз надворешниот долг на државата.


 

Извор МИА

фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано