Lifestyle
КИНЕСКИТЕ ТАКСИСТИ СЕ ЗАГРИЖЕНИ ОД РОБОТАКСИТО, само во Вухан ќе се постават 1.000 самовозечки автомобили
08.08.2024
Кинеските таксисти се меѓу првите работници во светот кои се соочени со опасноста од губење на работата поради примена на вештачката интелегенција, додека илјада роботакси излегуваат на кинеските улици и ја поминуваат експерименталната фаза. Кина агресивно влезе со одобрувањето на тестирањето на технологијата на самовозечки автомобили во споредба со САД, пренесува „Ројтерс“.
Најмалку 19 кинески градови спроведуваат тестови за роботакси и за робобуси. Седум градови одобриле тестови без луѓе возачи, кај пет водечки индустриски компании.
До крајот на годината се планира да се постават 1.000 роботакси во Вухан, а истата компанија планира да ги воведе во 100 града до 2030 година.
Кина има седум милиони регистрирани возачи на вршење превоз, во споредба со 4,4 милиони пред две години. Работењето како таксисти беше опција за многу Кинези во периодот на економската криза,а воведувањето на роботаксито би можело да влијае на одлуката на кинеската влада за да ги успорат тестирањата за самовозечки автомобили, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic