Економија

НЕДОСТИГОТ ОД КУЌИ ГО ПОСКАПИ НЕДВИЖНИОТ ИМОТ ВО САД, куќите во селата со повисок раст на цените

Вкупната вредност на американските куќи и станови порасна за 3,1 билиони долари во последните 12 месеци и достигна рекордни 49,6 билиони долари. Вкупната вредност на пазарот на станови во САД порасна за 6,6 отсто меѓугодишно, објави Редфин Њуз. Според анализата на Редфин Естимеит, ова е вкупната вредност на пазарот на 95 милиони станбени објекти во САД и овие податоци се однесуваат за јуни 2024 година.

Вкупната вредност на американсите домови се дуплираше во последната деценија.

- Вредноста на американскиот пазар на недвижности ќе го надмине прагот од 50 билиони долари во наредните 12 месеци, затоа што нема доволно куќи за продажба за да може да паднат цените, изјави Чен Жао, раководител на економските истражувања во Редфин.

Новоградбата е уште еден фактор што го предизвика зголемувањето на пазарната вредност на недвижностите во САД. Вкупната вредност на куќите во урбаните средини се зголеми за шест проценти односно на 10,3 билиони долари. Во предградијата има околу 57 милиони домови. Вредноста на руралните куќи ги надмина оние во урбаните средини и приградските населби и се повисоки за седум отсто во однос на претходната година. Вредноста на куќите во руралните средини достигна 7,8 билиони долари, пренесува „Нова економија“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано