Lifestyle
МОДНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ЕВРОПА Е ЗАВИСНА ОД СОСТОЈБАТА ВО БАНГЛАДЕШ, познатите модни брендови стравуваат за испораките
09.08.2024
Немирите во Бангладеш можат значително да влијаат на модната индустрија во Германија и да предизвика поскапување на текстилните производи. Бангладеш е важна производна земја за глобалната модна индустрија, а привремените затворања на текстилните фабрики би можело да доведе до промени на пазарот и повисоки цени за потрошувачите и недостиг на артиклите, изјави Стефан Гент, главниот директор на трговската здружение ХДЕ, за агенцијата ДПА.
- Во случај на подолги застои во производството не може да се исклучи проблемот со снабдување на познатите марки, изјави Аксел Аугустин од Здружението за трговија со текстил, облека и кожа (БТЕ).
По Кина, Бангладеш е најважен извозник на облека за модната индустрија во Европа и Германија. Во Германија минатата година од Бангладеш е увезена стока во вредност од 7,1 милијарди евра, покажуваат податоците на Сојузниот завод за статистика, пренесува „Сеебиз“.
Во Бангладеш неодамна повторно избија масовни протести, а претставниците на владата ја напуштија земјата.
фото freepic