Lifestyle

ДИГИТАЛНАТА СИРОМАШТИЈА НОСИ ДАЛЕКУСЕЖНИ ПОСЛЕДИЦИ, луѓето без интернет и дигитални вештини трошат повеќе пари и се под стрес!

Во време кога секојдневно ги користиме мобилните телефони, компјутери и лаптопи и времето го поминуваме на интернет кога сме на работа, во природа или на друго место, многу луѓе се соочуваат со дигитална сиромаштија. Дигиталното сиромаштво е кога луѓето не можат да пристапат до интернет и до дигиталните услуги кога ќе посакаат. Најризични категории се лицата кои примаат социјална помош. Еден од шест лица кои се корисници на банката за храна немаат пристап до интернет, но и повозрасните лица над 65 години старост. Весникот „Гардија“ објави текст во кој се дава поширока слика за ефектите од постоењето на дигиталнатата сиромаштија.

Постои општо уверување дека денеска сите имаат пристап до интернет. Но, според податоците на „Алијанса“, еден од седум граѓани во Велика Британија живее во некој облик на дигитална сиромаштија. Друго истражување, објавено на „Online Nation“  открива дека седум отсто од британските домаќинства немаат пристап до интернет во своите домови, додека милиони луѓе се во ризик поради високите трошоци на живот и неможноста да си дозволат пристап до интернет.

Лицата кои немаат пристап до интернет или кои не поседуваат дигитални вештини, не можат да ги користат и поволностите од  онлајн продажбите, преку се нудат пониски цени  на производите и услугите. Постарите лица кои немаат дигитален пристап се оневозможени и со закажувањето на лекарски прегледи преку онлајн платформите. Речиси една третина од возрасните лица во Велика Британија не користат итернет од дома.

Географската нееднаквост ја влошува сликата за дигиталното сиромаштво, а посебно е изразена во руралните подрачја каде интерент сигналот е послаб. Пристапот до интерент на луѓето им нуди и поголеми можности за работа, за образование и го олеснува пристапот за користење на технологијата од следните генерации.

Дигиталната сиромаштија може да има и далекусежни последици. Истражувањето во Велика Британија покажува дека старите лица од 65 години, кои не се вешти во користењето на интернет, трошат повеќе од 1.000 фунти годишно. Околу 34 отсто од возрасните лица се подложни на стрес  кога услугите треба да се направат преку онлајн интеракција, како што е закажување на прегледот кај лекар.  Во текстот на „Гардијан“ се посочува и на влијанието на менталното здравје. Во анкетата на лицата кои се соочиле со дигитална сиромаштија, 41 отсто изјавиле дека се во состојба под стрес, а 31 осто се изјасниле дека се чуствуваат изолирани, пренесува „Нова економија“.  


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано