Економија
ИЗВОЗ ОД 1,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ИТ ИДУСТРИЈА ВО СРБИЈА, просечната плата во секторот е 2.000 евра
11.08.2024
Извозот на ИКТ производите и услугите од Србија во првите шест месеци годинава изнесуваат 1,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 20,5 отсто во споредба со истиот период лани, соопштија од Министерството за информирање и телекомуникации на Србија.
Во 2023 година, која беше рекордна според остварен извоз на ИКТ индустријата и тој изнесуваше биле 3 милијарди евра. За годинава се очекува овој извоз да надмиме четири милијарди евра.
Просечната нето заработувачка во српскиот информатички сектор за периодот од јуни 2023 до мај 2024 година е зголемена за 13,3 отсто и изнесува 234,407 динари околу две илјади евра.
Од јули 2023 до јуни 2024 година е забележан раст на бројот на вработени во правните лица и на лицата кои самостојно ја извршуваат оваа дејност. Заклучно со јуни годинава, во областа на ИКТ во Србија се вработени 111.352 лица. Во 2023 година во овој сектор биле вработени 108.129 лица, објави „Екапија“.
фото freepic