Lifestyle
ТЕСТИРАН УЛТРА БРЗ ВОЗ СО БРЗИНА ДО 1.000 км/ч, растојанието од Пекинг до Шангај ќе го помине за 90 минути
11.08.2024
Во северната кинеска провинција Шанси заврши демострационото тестирање на новиот ултрабрз воз, со што се приближува кон проектирањето на најбрзиот воз што може да се движи со брзина до 1.000 километри на час, објави Кинеското меѓународно радио.
Тестирањето е извршено во цевковод долг два километри кој е опкружен со низок вакуум, а резултатите покажале дека возот постигнал контолирана навигација, стабилност, како и безбедно застанување.
Изградбата на ултрабрз воз почна во април 2022 година во округот Јангао, а во проектот се интегрирани воздухопловните технологии со технологиите од железничкиот транспорт, со цел да постигне брзина на воз од 1.000 км/час.
Според Кинеското меѓународно радио, со примената на овој систем на ултрабрз воз може да се патува од Пекинг до Шангај за час и половина, пренесува „Блиц“.
фото freepic