Економија
ОПЕК ГИ НАМАЛИ ПРОГНОЗИТЕ ЗА ПОТРОШУВАЧКАТА НА НАФТА, дневното производство се намали на 2,1 милион барели дневно
12.08.2024
Групацијата на земјите производители на нафта ОПЕК денеска ја намали проценката за годинашната потрошувачка за 135.000 барели на 2,1 милион барели дневно. Главната причина е неизвесноста за остварување на економскиот раст на Кина, пренесува АФП.
-Можното влошување на состојбата во кинеската економија би можело значително да ја намали потрошувачката за нафта, наведува француската новинска агенција.
Цените на нафтата од почетокот на годината до крајот на мај во просек забележаа раст, а потоа почнаа да се намалуваат. На ова најмногу влијаеше и попуштањето на геополитичката напнатост.
На глобалните пазари минатата недела цената на нафтата порасна за повеќе од 3,5 отсто, што најмногу се должи на надежта на трговците дека побарувачката во најголемите светски економии наскоро би можела да зајакне. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за повеќе од 3,5 отсто, на 79,66 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за повеќе од 4 отсто, на 76,84 долари.
фото freepic