Економија

ГЕРМАНИЈА ОСТАНУВА НАЈГОЛЕМ НЕТО ФИНАНСИЕР ВО ЕВРОПСКИОТ БУЏЕТ, најголеми корисници се Полска, Романија и Унгарија

Германија минатата година во буџетот на Европската Унија уплатила многу повеќе средства од тоа што искористила. Германија во 2023 година уплатила 17,4 милијарди евра , а една година претходно германската уплата изнесувала 19,7 милијарди евра, објави Германскиот економски институт.

На второ место на најголеми финансиери во ЕУ е Франција, со минатогодишна уплата од девет милијарди евра повеќе од сумата што ја повлекла од заедничкиот европски буџет. На трето место е Италија со нето уплати од околу 4,5 милијарди евра.

Најголеми приматели на средства од ЕУ се Полска со 8,2 милијарди евра, Романија со шест милијарди евра и Унгарија со 4,6 милијарди евра.

Според износот на нето уплати по еден жител, на прво место е Ирска со 236 евра. Во Германија уплатата за еден жител изнесувала 206 евра.

Буџетот на ЕУ за 2023 година изнесувал 173,1 милијарда евра, од тоа за земјите членки се вратени 143,4 милијарди евра. Како најголем нето финансиер на Унијата, Германија обезбедува четвртина од ЕУ буџетот, но германската влада нагласува дека нивната земја има повеќе корист од внатрешниот пазар на ЕУ од било која друга држава на европското друштво, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано