Економија
ИЗРАЕЛ СО НАМАЛЕН КРЕДИТЕН РЕЈТИНГОТ, се предвидува дефицит во израелскиот буџет од 7,8 отсто од БДП
14.08.2024
Намалувањето на кредитниот рејтинг на Израел поради долгата војна во Газа, според оцената на агенцијата „Финч рејтингс“, е само мало и привремено назадување, изјавија од Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
- Израелската економија е отпорна и добро функционира. Намалувањето на рејтингот е резултат на соочувањето на Израел со војната на повеќе фронтови кои му се наметнати. Рејтингот повторно ќе се зголеми кога ќе победиме и ние навистина ќе победиме, пишува во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер.
„Финч рејтингс“ го намали рејтингот на Израел од А плус на А, што може да влијае на способноста на Израел да обезбеди пари во готово од меѓународните кредитори. Од агенцијата предвидуваат дефицит во израелскиот буџет од 7,8 отсто од БДП, а вкупниот долг на државата да остане 70 отсто од БДП.
- Конфликтот во Газа може да потрае до 2025 година и постојат ризици да се прошири на други фронтови, предупредуваат од агенцијата.
Во соопштението по повод намалувањето на кредитниот рејтинг на Израел се додадава и дека „покрај човечки загуби можна последица ќе има и од дополнителната воена потрошувачка, разурнување на инфраструктурата и долгорочни штети за економијата и инвестициите, што доведува до натамошно влошување на кредитната способност“.
Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид, лидерот на партијата Јеш атид (Има иднина), изјави дека Израелците ќе ги платат последиците од војната .
- Израелската средна класа ќе почуствува по својот џеб. Високите цени ќе се зголемат, државата ќе плати повеќе камати. Агенциите ни кажуваат дека не се управува со израелската економија, изјави Лапид, пренесува Н1.