Економија

СИЛНИ ИНФЛАТОРНИ ПРИТИСОЦИ ВО ЈАПОНИЈА, додека во САД инфлацијата е во четиримесечен пад

Во Јапонија растат инфлаторните притисоци, а тоа го покажуваат новите податоци за цените во трговијата на големо. Во јуни цените пораснале со најбрзо темпо во последните 11 месеци, бидејќи слабиот јен ги зголеми трошоците за увоз на производи. Поради тоа присутна е опасноста од зголемување на каматните стапки од централната банка.

Во вторникот индексот на цените на корпоративните производи (CGPI), кој ги мери цените кои компаниите  меѓусебно ги наплатуваат  за стоките и услугите, во јули пораснале за три отсто на годишно ниво. Ова е осми месец по ред како растат цените во големопродажбата. Индексот на увозните цени во јули порасна за 10,8 отсто на годишно ниво, како последица на ослабениот јапонски јен и растот на цените на суровините, пренесува „Мина“. Поради јакнење на инфлацијата, јапонската централна банка во јули ги подигна каматните стапки на највисока вредност во последните 15 години и најави нови зголемувања. 

Истовремено, годишната стапка на инфлацијата во САД во јули се намали четврти месец по ред, овој пат од три отсто во јуни на 2,9 отсто и сега е најниска од 2021 година, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Експертите очекуваа инфлацијата да остане непроменета на три проценти во јули. Транспортот во САД порасна за 8,8 отсто на годишно ниво, а цените на становите за 5,1 отсто, и во двата случаи со побавно темпо од минатиот месец.

Цените на храната пораснале за 2,2 отсто на годишно ниво, исто како и во јуни, а енергенсите пораснале само за 1,1 отсто, бидејќи бензините паднале за 2,2 отсто на годишно ниво. Годишната стапка на базичната инфлација во САД во јули се намали на 3,2 отсто од 3,3 отсто во јуни и сè уште е најниска од април 2021 година.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано