Економија
ГОЛЕМИ ИГРАЧИ ВО НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА СЕ САД И ИЗРАЕЛ, но не заостануваат и други високоразвиени земји
15.08.2024
Соединетите Американски Држави со 210 милијарди долари имаат најголеми издвојувања за научни истражувања во светот, според апсолутни износи. Но, споредено со учеството во БДП издвојувањето во науката во САД се околу 0,82 отсто. На овој износ треба да се додадат и вложувањата во компаниите. Вкупните американски вложувања во научниот развој во САД во 2022 година изнесувале 886 милијарди долари, според последните достапни податоци на Националниот центар во САД. Ова е околу 3,5 отсто од БДП.
Израел е главен играч во научините истражувања и развојот, со инвестирање на напредокот на стартап фирмите. Оваа земја годишно издвојува околу 5,56 отсто од БДП.
Јужна Кореја за наука и за технологија издвојува 4,6 отсто од БДП во 2022 година со вкупни инвестиции во науката од 20,7 милијарди долари. Годишно Јужна Кореја во науката издвојува околу 4,93 отсто од својот БДП.
фото freepic