Економија

ПОДДРШКА ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА БЕЗ ДРАСТИЧНИ МЕРКИ, најави гувернерот на централната банка на Кина

Гувернерот на кинеската централна банка најави дека ќе продолжи поддршката за економското заздравување на својата земја, но нема да бидат преземани никакви драстични мерки.

Првиот човек на Народна банка на Кина Пан Гонгшенг ја даде денешната изјава по објавувањето на клучните индикатори за јули, кои покажуваат послаб економски раст во земјата, пренесува „Еуроњуз“.  

-  Ќе ги засилиме напорите за ефикасно спроведување на монетарната и финансиска политика, кои се воведени годинава, изјави Пан за кинеската државна агенција.

Гувернерот не прецизира кои се потенцијалните мерки, но додаде тека тие ќе бидат во согласност на барањата на Државниот совет. Според него, ќе се разгледуваат опциите за одржување на стабилноста на цените. Истовремено, важно е да се одржи стабилноста на политиката и да се воздржуваат  од „драстично заострување или драстично попуштање“, додава Пан.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано