Економија

УРАГАНОТ БЕРИЛ ГО СМАЛИ РАСТОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ИНДУСТРИЈА, производството е намалено во енергетскиот сектор

Американското индустриско производство падна во јули за 0,6 отсто во однос на јуни, објави  Федералната банка (ФЕД), која во исто време ги ревидираше податоците за јуни од 0,6 отсто на 0,3 отсто раст. Според американските медиуми, ураганот Берил придонел за падот на производството во јули.

Аналитичарите очекуваа благ пораст во јули, но тоа не се случи бидејќи ураганот привремено го запре производството на енергија на југот на САД. Падот  се прошири во автомобилската индустрија, соопшти ФЕД, која е под дополнителен притисок да ги намали каматните стапки.

Во јули, производството во преработувачката индустрија е намалено за 0,3 отсто во однос на јуни, најмногу поради падот на производството од речиси 8 отсто во автомобилската индустрија.

Искористеноста на капацитетот на американската преработувачка индустрија падна во јули на 77,2 отсто од 77,5 во јуни , се додава во извештајот на ФЕД, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано