Економија
ЖЕНИТЕ ВО СРБИЈА ПРИМААТ ПЕНЗИЈА ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПОВЕЌЕ ОД МАЖИТЕ, очекуваниот живот кај мажите е 73 години
16.08.2024
Жените во Србија просечно примале старосна пензија 21 година, а мажите 17 години, додека инвалидската пензија во просек жените ја примале 21 година, а мажите околу 20. Просекот на пензионерскиот живот за земјоделците е околу 17 години, а за жените 23 години.
Просечниот работен стаж на корисниците на пензии кај мажите во Србија изнесува 34 години, а кај жените 30 години, а мажите во инвалидска пензија одат со 25 години стаж, а жените со 22 години.
Според податоците на пензискиот фонд во Србија, просечната возраст на новите пензионери кај мажите и жените е 64 години.
Очекуваното траење на животот во 2022, според официјалните статистички податоци, кај жените е 78,1 година и кај мажите 73 години, објави „Блиц“.
фото freepic