Економија

КИНА ГО ОГРАНИЧУВА ИЗВОЗОТ НА КРИТИЧНA СУРОВИНA, цената ќе достигне 30.000 долари за тон

Одлуката на Кина да го ограничи извозот на антимон по 15 септември ќе ги зголеми цените на овој полуметал, кој се користи за производство на батерии и муниција, па затоа производните компании во светот ќе се обидат да направат залихи од овој метал. Неговата цена веќе е на највисоко историско ниво од околу 22.000 долари за метрички тон, поради глобалниот дефицит од оваа суровина.

-  И сега се наоѓаме во состојба на високи цени. По одлуката на забраната за извоз цените ќе пораснат дополнително. Цените може да одат до 30.000 долари, бидејќи купувачите сакаат да се обезбедат со материјал за нивното производство, изјави Четан Сони, пренесува „Индекс“.

Кина е најголем светски производител на антимон и минатата година обезбеди 48 отсто од потрошувачката во светот, покажуваат податоците на американскиот Геолошки институт (USGS).

Одлуката на Кина за ограничување на извозот на антимон и на сродните елементи е заради заштита на националните интереси и спречувањето на испораките на критичните минерали, соопштуваат од кинеското министерство за трговија.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано