Економија
ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО КИНА ПРОДОЛЖУВААТ ДА ПАЃААТ, само во Шангај има раст на пазарот на недвижности
17.08.2024
Продолжениот пад на кинескиот пазар на недвижности предизвика и продолжено намалување на цените на новите станови за 4,9 отсто во однос на претходната година. Ова е најостар пад на цените на објектите за живеење од 2015 година и поголем од месецот јуни, кога достигна минусни 4,5 отсто, покажуваат податоците на Националниот завод за статистика (НБС).
Аналитичарите оценуваат дека на кинескиот пазар на недвижности ќе бидат потребни дополнителни мерки за поддшка на градежниот сектор за станови. Владата во Пекинг се обидува да го смири пазарот на недвижности со намалување на каматите на хипотеките и намалување на трошоците за купување на куќи.
На месечно ново, цените на новите куќи се намалуваат 13 месеци по ред, а во однос на јуни има намалување за 0,7 отсто.
Од 70 градови кои се анализирани, само во Шангај и Сијан е забележан раст на цените на новите куќи на месечно ниво. Само во Шангај има раст на пазарот на недвижности, пренесува Б92.
фото freepic