Економија
ПОЛИТИЧКАТА НЕСТАБИЛНОСТ ГО ОДЛОЖУВА ВЛЕГУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА, инфлацијата во Бугарија ќе биде над просекот на еврозоната
28.08.2024
Бугарија нема да влезе во еврозоната и да биде полноправен член на шенгенскиот простор до 2026 година. Главниот проблем е моменталната политичка нестабилност во Бугарија. Бугарија технички би можела да го воведе еврото до 2025 година, доколку земјата има стабилна влада и постигне стабилност на цените, но сегашните предуслови упатуваат на одложување на бугарското членство, се наведува во извештајот на аналитичарите од британскиот „Економист“.
Во прогнозата се споменува дека бугарската програма за капитални расходи и натаму ќе бидат зависни од финансирањето од Европската Унија. Како послаба страна се споменува потребата од програми за социјална заштита за рударите од јагленокопите, кои би требало да преминат кон обновлива енергија.
Годишната стапка на инфлација во Бугарија ќе падне од 9,5 отсто во 2023 година на 2,7 отсто до крајот на годинава, поради забавениот раст на цените на енергијата и храната, кои се значителен дел од индексот на потрошувачките цени. Сепак, инфлацијата во Бугарија ќе биде над просекот на еврозоната поради постојаниот притисок од секторот услуги, зголемените плати и новите стапки на ДДВ, се заклучува во извештајот, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic