Економија
НАФТАТА НА НАЈНИСКО НИВО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ОСУМ МЕСЕЦИ, намалени проценките за потрошувачката на нафта во 2025 година
03.09.2024
Фјучерсите за нафтата брент денеска паднаа на најниско ниво во последните осум месеци. Според податоците од берзите, нафтата брент денеска се продаваше по цена од 75,733 долари за барел, што е за два отсто помалку од вчерашната цена и претставува најниска вредност од средината на декември 2023 година.
Групата за земјите производители на нафта ОПЕК во октомври ќе продолжат со планираното зголемување на проивзодството на нафта. Осум членки на нафтениот картел треба да го зголемат дневното производство за 180 илјади барели. ОПЕК во својот актуелен извештај за август за прв пат годинава ги намали прогнозите за раст за потрошувачката на нафта во 2024 година за 135 илјади барели дневно на 2,1 милион барели , поради послабата побарувачка на Кина.
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја задржа проценката за растот на потрошувачката за нафта во 2024 година на 970.000 барела дневно и ја намали и проценката за раст во 2025 година за 30.000 барели дневно на 950.000 bpd, пренесе „Еуроњуз“.
фото freepic