Економија

ТЕРМИНАЛОТ ЗА ПРИРОДЕН ГАС Александрoпули ОФИЦИЈАЛНО ПУШТЕН ВО РАБОТА

Терминалот за течен природен гас во Александрoпули вчера почна со официјална работа и преку него ќе се снабдуваат Грција, Бугарија, Романија, Македонија, Србија, Молдавија, Украина, Унгарија и Словачка.  Операторот на системот соопшти дека макцималниот капацитет на овој терминал е 5,5 милијарди кубни метри гас годишно. Во овој проект учествуваат 14 гршки и меѓународни компании, кои го искористиле целиот капацитет до 2030 година, пишува „Еуроњуз“.  

Србија резервирала 300 милиони кубни метри гас  од терминалот во Александруполи на годишно ниво, од моментот кога терминалот ќе биде целосно оперативен.

Во 2021 година Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани Меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција,

АД ЕСМ закупи 10% од капацитетот, односно 500 милиони nm3 гас од вкупниот капацитет на терминалот. Годишната потрошувачка на гас кај нас изнесува приближно 400nm3.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО