Економија

МИГРАЦИЈАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ФАКТОР ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈИТЕ ВО РЕГИОНОТ!

Една четвртина од граѓаните во земјите од Западен Балкан  живее  во странство. Подоброто управување со глобалната работна сила може да биде клучен фактор за економскиот развој во земјите од регионот, се наведува во извештајот на Светската банка.

Со подоброто управување и миграцијата на работниците може да ја намали сиромаштијата, да се поттикне извозот и да се привлечат странски инвестиции. Дознаките од иселениците може да ја подобрат финансиската состојба на домашните мигранти, а враќањето на лицата кои стекнале напредни вештини во странство можат да доведат до прилив на стручен кадар во земјата од каде потекнуваат.

Во извештајот на Светската банка земјите од Западен Балкан  се нагласува дека миграцијата треба максимално да се искористи за унапредување на состојбата , преку развивање на програми за обуки за стекнување вештини и мобилност во партнерството со земјите во кои се иселуваат и да се проширува обемот на  билатералните договори  за социјално осигурување, пренесува „Политика“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО