Lifestyle
КОЛКУ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЧИНИ ОСТВАРУВАЊЕТО НА АМЕРИКАНСКИОТ СОН?
19.10.2024
Исполнувањето на американскиот сон станува се поскапо, а на секое семејство во САД кое тежнее кон остварувањето на оваа животна цел, ќе му бидат потребни 4,4 милиони долари. Тоа е сумата која е потребна за покривање на трошоците за куќа во некое предградие, одгледување на две деца и поседување на полуксузно возило од типот на кабриолет, за годишни одмори и за чување на домашни миленичиња... Оваа сума е за еден милион долари повеќе од сумата што многумина Американци ќе можат да ја заработат во текот на сопствениот живот, покажало истражувањето на Portal Investopedia.
Во реалниот американски стандард само десет отсто од американските домаќинства во САД имаат средно нето вредност на семејниот имот од околу 3,8 милиони долари, според податоците на Федералното истражување за потрошувачките финансии за 2022 година.
Еве ја пресметката колку „чини“ американскиот сон:
Пензионирање 1,6 милиони долари
Поседување на сопствена куќа 930 илјади долари
Одгледување две деца плус факултет 832 илјади долари
Нов автомобил 811 илјади долари
Годишни одмори 179 илјади долари
Венчавка 44,3 илјади долари
Домашни миленичиња 36,6 илјади долари
Погребни трошоци 8.453 долари
Највисоките трошоци за тие кои сакаат да го одживеат американскиот сон се трошоците за стекнување на пензија, а Американците ќе мораат да почнат да штедат од моментот на првото вработување по завршување на факултетот на 22 години и ќе продолжат со штедењето до 65 години. Ова ќе им овозможи да користат пензија во годишен износ од 64.000 долари во текот на дваесет години пензиски стаж.
Втората највисока ставка е да се поседува сопствена куќа за која треба да издвои 400.000 долари, но на ова треба да ги додаде и трошоците за камати, осигурување и даноци во следните 30 години, пренесува „Свијет.хр“.
фото freepic