Економија

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА САКА ДА ГИ ОБНОВИ ТРГОВСКИТЕ ВРСКИ СО ЕУ

Велика Британија сака да ги обнови своите трговски односи со Европската Унија и на меѓународната трговија гледа како на клучен фактор за оживување на економскиот раст, изјавил Даглас Александер, министер за трговија во Велика Британија.

Гласањето во Британија во 2016 година за излегување од ЕУ, како што рекол тој предизвикало “значајни пореметувања во нивната трговска политика“, затоа земјата мора повторно да ги зацврсти своите глобални трговски перспективи, пренесува „Фена“.

Британскиот министер ја посетил Женева за да се состане со челникот на Светската трговска организација, во рамките на планот за составување на обновената и долгорочна британска трговска стратегија која ќе биде објавена во 2025 година.

- Како нова влада, многу сме заинтересирани за ресетирање на нашите односи со нашите пријатели и партнери во ЕУ, но и за продолжување на остварување на договорот за слободна трговија и новите можности за тргување во светот, изјавил британскиот министер, пренесува  „Бизнис.ба“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО