Економија
ВО ЕВРОПА ГРАЃАНИТЕ ШТЕДАТ НА ХРАНА ЗА ДА МОЖАТ ДА ЈА ПЛАТАТ КИРИЈАТА ЗА СТАН
27.10.2024
Повеќе од еден од десет граѓани на Европа морале да ја намалат храната и другите дневни потреби минатата година за да платат станови. Истражувањето на агенцијата за недвижности RE/MAX Europe покажа дека просечните трошоци за домување во Европа се зголемени за 54 отсто во последните 12 месеци. Повеќе од една третина од жителите на Европа, или 37 отсто, изјавиле дека успеале да платат за домување. Речиси една петтина, или 19 отсто, изјавиле дека се мачат да врзат крај со крај.
Европските домаќинства во просек трошат 38 отсто од вкупниот приход за кирија, плаќање рата од кредит и комунални услуги. Кога станува збор за тој трошок во секоја земја поединечно, тој е највисок во Словенија (43 отсто), а потоа следи Португалија (42 отсто). Од друга страна, тој трошок беше најнизок во Швајцарија (30 проценти).
За да можат да ги покријат другите трошоци за домување, 80 отсто од испитаниците рекле дека почнале да ги намалуваат другите трошоци.
Најмногу ги намалиле трошоците за социјални активности, како излегување (41 отсто), потоа патувања и луксузни стоки (40 отсто), облека и обувки (30 отсто), претплатни услуги (27 отсто) и електронски уреди (25 отсто), спортски активности, вклучувајќи вежбање во теретана (23 проценти) и секојдневни работи (16 проценти), пренесува „Бизлаив“.
фото freepic