Економија
НЕИЗВЕСНОСТА ОД ИЗБОРИТЕ ВО САД ЈА ПОСКАПЕ НАФТАТА
28.10.2024
Цената на нафтата на светските пазари минатата недела забележаа значителен раст, поради тензиите на Блискиот Исток и неизвесноста во пресрет на претседателските избори во САД.
Цената на барелот на лондонската берза минатата недела се зголеми за повеќе од 4 отсто и достигна цена од 75.06 долари, додека барелот на американскиот пазар поскапе за 3,5 отсто на 71,69 долари, објави „Хина“.
Во претходната недела цените на нафтата беа во намалување, така што минатонеделниот раст ги покри претходните загуби.
Инвеститорите на светските пазари ги зголемија своите вложувања во американскиот долар, како посигурни инвестиции во период на геополитичка неизвесност.
фото freepic