Економија

КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ СТЕКНУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ЗНАЕЊЕ НЕМА ШТЕДЕЊЕ, изјави Горан Антевски, генерален директор на „Раде Кончар“

Во последните години има многу проблеми на меѓународниот пазар, а ветриштата во маталната и електро индустријата не се добри. Загрижуваат информациите за  економската криза во Европската Унија, германската економија паѓа. Посветени сме на тоа како да бидеме подобри, како што успеавме и во претходниот период, благодарение на нашите вработени, со воведување на иновациите и инвестициите во нова опрема и во стекнување на нови знаења на вработените, изјави Горан Антевски, генерален директор на „Раде Кончар“, на денешната панел дискусија на тема: „Иднината на индустријата: Како да се постигне одржливост и раст“, организирана од МАМЕИ.

Со вложувањето во нова опрема и со преминување од полумануфактурно во автоматизирано производство на трафостаници, осумдесетината работници во „Раде Кончар“  ги зголемија приходите и профитабилноста на компанијата.

- За разлика од претходниот период кога имавме повеќе работници и само пет-шест електро инжинери, сега структурата на кадарот е поинаква. Имаме 35 вработени со факултетски дипломи и другите се работниците, кои исто така, се обучени според нашите стандарди на работа. Составот на кадарот е стабилен и немаме флуктуација во работната сила. Многу инвестираме во знаењето на нашите вработени. Кога е во прашање стекнувањето на повеќе знаење нема штедење. Се разбира, наградата доаѓа на крајот со успешно завршениот проект, вели Антевски.

 

ПРЕПОРАЧАНО