Економија

ЕКОНОМСКАТА ПОЛИТИКА НА ТРАМП НОСИ И ЕКОНОМСКИ РИЗИЦИ ЗА АМЕРИКА, сметаат економските аналитичари

Во предизборната кампања за избор на претседател на САД Доналд Трамп го претстави планот за воведување на ошта царинска тарифа од 10 до 20 отсто на увезените производи од сите земји, додека за кинеските производи царината за увоз би изнесувала до 60 отсто.

Пред гласачи Трамп ветуваше дека на американските компании кои ќе го вратат производството во САД ќе им ги намали даноците. Царините за дел од увозните автомобили би достигнала и до 200 отсто. Од повисоко даночно оптоварување нема да бидат иземени ни европските производители. Под најголем притисок би била германската економија.

Но, што ќе донесе новата политика на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за американската економија? Економсистите сметаат дека економската стратегија на Трамп носи и потенцијални бројни инфлаторни ризици и нарушувања на економијата, додека пазарите на капитал би можеле да реагираат нестабилно, посебно секторите кои се изложени на повисоки царини. Со зголемување на инфлаторните притисоци, американската централна банка ФЕД најверојатно ќе ги задржи високите каматни стапки, а тоа ќе ги ограничи инвестициите и растот. На крајот тоа би се прелеало на сите светски финансиски пазари.

Високите увозни царини може да предизвика висок скок на цените за овие производи, што ќе влијае на раст на домашното производство, но тоа воедно ќе влијае и на поголема потрошувачка. Поскапувањето на увозните производи ќе ги засили и инфлаторните притисоци во САД, кои ќе се одразат на скок на цените во секторите во кои увозните компоненти се важни за производството во електрониката и белата техника.

Преселувањето на компаниите во САД ќе ги зголеми трошоците поради дислоцирање на производните капацитети, а тоа привремено ќе го наруши и синџирот за снабдување со суровини. Компаниите кои нема да можат да се пренасочат кон нови добавувачи, ќе бидат принудени да ги префрлат зголемените трошоци во крајната цена на производот односно на потрошувачите. Овде се јавува и проблем одговорот од другите земји за воведување на повисоките увозни царини, кои би ги зголемиле и царините за извоз на американските производи, пренесува „Свијет.хр“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО