Економија
НАЈНИСКА ИНФЛАЦИЈА ВО ГРЦИЈА, УСЛУГИТЕ ВО РЕСТОРАНИТЕ ПОСКАПИ
09.11.2024
Годишната стапка на инфлација во Грција во октомври се намали на 2,4 отсто и сега е најниска во последните четири месеци. Објави Грчкиот завод за статистика ЕЛСТАТ. Во септември стапката на инфлација изнесуваше 2,7 отсто.
Цената на храната и безалкохолните пијалоци во Грција во октомври се зголемија за 1,5 отсто на меѓугодишно ниво. Алкохолните пијалоци и тутунот се поскапи за 1,2 отсто. Во сите категории растот на цените бил побавен во однос на септември, објави „Мина“.
Цените на облеката и обувките во октомври се повисоки за пет отсто, а услугите во рестораните и хотелите во Грција се повисоки за 6,1 отсто.
На месечно ниво цените во Грција се зголемени за 0,6 отсто во однос на септември.