Економија
ПОЛСКА НЕМА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЕНЕРГИЈАТА ПОРАДИ СО2, најави полскиот премиер Доналд Туск
10.11.2024
Владата на Полска не планира да ги зголеми цените на енергентите следната недела, изјави полскиот премиер Доналд Туск, кој ги критикуваше плановите на Европската Унија за ограничување на емисиите на јаглерод диоксид и ги оцени за „економски штетни“.
Полскиот премиер им наложил на министерството за финансии да подготви план за намалување на цената на енергентите за потрошувачите, а ограничувањето може да се прошири и на производителите.
- Промените со САД може да значат дека американската економија ќе биде поконкурентна поради цените на енергентите, изјави Туск на конференцијата за новинари, која се одржа вчера во Варшава.
Туск ја нагласил важноста за јакнење на енергетскиот сектор на начин кој на Полска би и помогнал да се натпреварува со САД и дополнил дека целта на Варшава е да има „вистински конкурентна економија“.
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во изборната кампања ветуваше дека ќе ја укине паузата за издавање на нови дозволи за извоз на течен природен гас, како да ја укине стандардната авто-емисија и ќе ја забрза изградбата на нови електрани, пренесе Б92.