Економија
ОСТАР ПАД НА ИНДУСТРИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА, НАЈЛОШО Е ВО ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА
03.12.2024
Активностите во индустријата во еврозоната забележува остар пад во ноември, а водечките земји се соочува со економските проблеми и континуираниот пад на нарачките, покажува извештајот на СиП Глобал.
Индексот на менаџерите за набавки во индустријата (ПМИ) во ноември изнесува 45,2 бода и се намали за 0,8 бодови во споредба со октомври. Вредноста на индексот под 50 бодови значи пад на економските активности.
Пад на индустриските активности има во повеќето земји од еврозоната, вклучително и кај трите водечки економии. Најлошо е во Франција и Германија, а состојбата не е многу подобра и во Италија, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic