Во Естонија е почнат проектот за изградба на најголем соларен парк на Балтикот. Сончевата електрана Ристи е лоцирана во округот Ланема, а со работа ќе почне во 2026 одина. Ова е пионерски проект во Естонија и ќе чини 125 милиони евра. Соларниот парк ќе користи 350.000 соларни панели и ќе има вкупен капацитет од 244 MW.
Од овој капацитет ќе се добива електрична енерија за 55.000 домаќинства и ќе биде клучен фактор за золемување на регионалната енергетска независност.
Изградбата на овој соларен парк претставува голем скок во употребата на обновливата енергија за регионот и Естонија, пренесува „Енергетика.ба“.