Lifestyle
АМЕРИКАНИЦТЕ ВО РЕКОРДЕН БРОЈ ЌЕ ПАТУВААТ ЗА БОЖИKНИТЕ ПРАЗНИЦИ, РАСТЕ ПОПУЛАРНОСТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
24.12.2024
Рекорден број на Американци ќе патуваат за новогодишната сезона, а годинава кај американските патници се враќа популарноста на Велика Британија, која се искачи на четврто место за најпосакувани дестинации. САД и Мексико се на првите две водечки дестинации за патување на американските граѓани, покажува анализата на Squaremouth.com, водечка платформа за патнички осигурувања во САД.
Велика Британија, претходно се наоѓаше на 10 место на топ дестинации за патување на божиќните празници, но е на прво место во конкуренција на европските земји.
Канада ја изгуби популарноста кај американските патници и заврши на 10 место. На листата на најпосакувани дестинации се: Доминиканската Република, Костарика, Германија, Јапонија, Канада и Италија, пренесува „Пословни дневник“.
фото freepic