Економија

ЦЕНАТА НА НАФТАТА НАЈВИСОКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ

Цените на нафтата пораснаа трет ден по ред на  електронско тргување  на азиските берзи,  при што цената на северноморската сурова нафта „брент“ се искачи над 81 долар за барел односно го постигна највисокото ниво во повеќе од четири месеци.

Трговците со нафта очекуваат проширувањето на американските санкции кон Русија да влијае на извозот на руската нафта за нејзините најголеми купувачи, Кина и Индија.

Цената на сурова нафта од Тексас за испорака во февруари се зголеми за 1,57 долари на 78,14 долари за барел. Мартовските фјучерси за нафтата „брент“ се зголемија за 1,53 долари на 81,29 долари.

Цените на нафтата од Северното Море и САД пораснаа за повеќе од шест отсто од 8 јануари, а растот на нивните цени дополнително го поттикна американското Министерство за финансии, кое во петокот воведе дополнителни санкции кон Русија, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО