Економија
АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ СТРАВУВААТ ОД ВЛОШУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ СО ЕУ
20.01.2025
Девет од десет американски компании кои работат во Европа веруваат дека трансатлантските економски односи ќе се влошат во следните години, а главната причина за тоа се очекуваните политики на новиот американски претседател Доналд Трамп, како што се царините, се вели во истражувањето кое го објави „Ројтерс“.
Американската стопанска комора за Европската Унија (AmCham EU), која има повеќе од 160 членки, објави дека истражувањето покажало дека две третини од испитаниците очекуваат политиката на САД да им наштети на нивниот бизнис во Европа во наредните години.
Приближно 52 отсто од испитаниците сметаат дека политиките на ЕУ негативно ќе се одразат на нив, пренесува „Пословни дневник“.
фото freepic