Економија

КИПАР ПОЧНА СО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИЗВОРИ НА ГАС ВО КИПАРСКАТА ЕКСЛУЗИВНА ЗОНА

Кипар напредува со истражувачки активности, со цел да биде алтернативен и сигурен извор на природен гас за ЕУ, напиша кипарскиот претседател Никос Христодулидис на платформата Икс, откако утрово започнаа дупчењата во Кипарската ексклузивна економска зона, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за енергетика, трговија и индустрија на Кипар соопштија дека бродот-дупчалка утринава започна со дупчење на целта „Електра-1“, во рамките на парцелата пет од кипарската Ексклузивна економска зона, а истражувањата ги вршат „ExxonMobil Exploration and Production Cyprus“ и „QatarEnergy International E&P LLC“, која поседува лиценца за истражување на јаглеводороди за предметниот блок.

Република Кипар минатата недела издаде Навтекс за отпочнување на дупчењето што ќе важи до 19 јуни оваа година, а истражувањето се очекува да заврши кон средината на следниот месец, а на крајот од февруари ќе бидат објавени првичните резултати.


Извор МИА

фото freepic  

 

 

ПРЕПОРАЧАНО