Економија
ГЕОРГИЕВА: ЕВРОПА ЗАОСТАНУВА ЗАД САД ПОРАДИ ПОНИСКИОТ РАСТ НА ПРОДУКТИВНОСТА
24.01.2025
Клучната разлика меѓу Европа и САД е во послабиот раст на продуктивноста на европските компании, изјави денеска Кристалина Георгиева, извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во завршната дискусија за глобалните економски изгледи на Светскиот економски форум во Давос.
ММФ очекува многу силен учинок на САД и ги зголеми проекциите за економскиот раст од 2,2 отсто на 2,7 отсто годинава, додека перформансите на европската економија „не се сјајни“, нагласила Георгиева.
- Америка има висока продуктивност бидејќи пазарот на капиталот доделува пари на динамични фирми, бидејќи технологијата преминува во деловна инвестиција, како и поради тоа што САД поседува релативно евтина енергија. Европа мора да има силен пазар на капитал и единствен пазар кој овозможува конкуренција, рече директорката на ММФ.
Таа се осврна и на културолошките разлики и како што нагласи во САД владее култ на самодоверба, а во Европа култ на скромност, пренесе „Еуроњуз“.
фото freepic