Економија
ВО 2025 ПРОДОЛЖУВА НЕИЗВЕСНОСТА ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ГАС, предвидуваат од ИЕА
26.01.2025
Неизвесноста со снабдувањето со природен гас на глобалните пазари ќе продолжи и во 2025 година, бидејќи побарувачката продолжува да расте, а понудата се шири побавно отколку пред пандемијата и енергетската криза, се вели во најновиот квартален извештај за пазарот на гас на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Предводени од брзорастечките пазари во Азија, глобалната побарувачка за гас треба да порасне за 2,8 отсто, или 115 милијарди кубни метри во споредба со 2024 година. Ова е над просечната стапка на раст од два отсто помеѓу 2010 и 2020 година.
Во исто време, ќе продолжи под просечниот раст на производството на течен природен гас (ЛНГ). Според извештајот, се очекува слична динамика да опстои во 2025 година пред да почне новата испорака од нови извори од САД и Катар, пренесува „Каматица“.
фото freepic