Економија
БЕЛА КУЌА: ТРАМП ПЛАНИРА ВО САБОТА ДА ГИ ВОВЕДЕ ЦАРИНИТЕ ЗА КАНАДА И МЕКСИКО?!
29.01.2025
Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште планира да го исполни своето ветување дека во сабота ќе воведе царини за Канада и Мексико, изјави денеска Керолин Левит, портпаролката на Белата куќа.
Таа истакна дека Трамп сè уште ги проценува висината на новите царински стапки за Кина, објави Ројтерс.
Трамп минатата недела рече дека на 1 февруари ќе објави царини од 25 отсто за Мексико и Канада, освен ако тие земји не помогнат во решавањето на трговијата со фентанил во САД и проблемот со имиграцијата.
Претходно, американскиот претседател изјави дека ќе се обиде да воведе царини од 10 отсто за стоки од Кина.
Тој најави и дека ќе воведе царини за стоки од Европската Унија, а за него посебен проблем е трговскиот биланс, бидејќи ЕУ имала суфицит во трговијата со САД во 2023 година, наведува CNBC.
Фото МИА