Економија

ТУРИЗМОТ Е ДВИЖЕЧКА СИЛА ЗА ВИСОКИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ НА ШПАНИЈА

Шпанската економија порасна за 3,2 отсто во 2024 година и ги надмина предвидувањата и растот на другите земји во еврозоната, објави Националниот завод за статистика.

Владата во Шпанија ќе ги зголеми своите прогнози за годинава од претходно одредените 2,4 отсто. Повисокиот економски раст беше поттикнат од туристичкиот бум, зголеменото земјоделско производство и повисокиот извоз.

Се очекува економскиот раст на Шпанија да биде силен и годинава, благодарение на повисоката потрошувачка, што се должи на намалувањето на невработеноста. Имиграцијата овозможи да  се намали недостигот на работна сила во земјата,  во која невработеноста е на најниско ниво во последните 16 години.

Како можни ризици за шпанската економија се споменуваа повисоките животни трошоци и кризата во станбената област, поради растечките трошоци за домување и за изнајмување. Намалената економскта активност во земјите од Европската Унија може да влијае и на намалување на извозот од Шпанија, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО