Економија
ИЗГУБЕНА ГОДИНА ЗА ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА
30.01.2025
Економијата на еврозоната забележа нула раст минатата година, додека во Германија, најголемата економија во ЕУ имаше стагнација, соопшти агенцијата за статистика Евростат.
Бруто домашниот производ на еврозоната во четвртиот квартал од минатата година остана непроменет во однос на претходните три месеци, додека аналитичарите очекуваа квартален раст од 0,1 отсто.
Економијата во Германија забележи намалување за 0,2 отсто на квартална основа и намалување од 0,1 отсто во Франција.
Граѓаните во еврозоната останаа внимателни во трошењето, додека Германија ја изгуби евтината енергија. Водечките економии на ЕУ, Германија и Франција, се изложени на политички превирања што предизвика несигурност кај бизнисите и потрошувачите, пренесува РТЦГ.
фото freepic