Економија
Годишен пад на индустриското производство
31.01.2025
Индустриското производство минатата година, во однос на 2023-та, е намалено за 3,6 отсто. Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од претходната година, индустриското производство бележи пад од 1,4 отсто соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 10,0 отсто во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 5,7 отсто.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 20,1 %, додека пораст бележи кај Енергија за 2.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 14.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.9 %.
фото freepic