Економија

Трамп: Производите од ЕУ сигурно ќе добијат царини

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови своите закани за воведување царини на производите од Европската унија, обвинувајќи ја Унијата за нефер трговски практики.

Говорејќи синоќа во Белата куќа Трамп рече дека „апсолутно“ ќе воведе царини за стоките од ЕУ, додавајќи дека САД се третирани „ужасно“ и тврдејќи дека европските пазари се главно затворени за американскиот извоз.

-Не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат земјоделските производи, во основа, ништо не земаат, рече тој.

Американскиот претседател укажа на големиот трговски дефицит меѓу САД и ЕУ, ветувајќи дека ќе преземе „значајни“ мерки против Унијата, иако не даде дополнителни детали.

За време на неговата изборна кампања, Трамп ги спомна плановите за воведување нови царини од 10 до 20 отсто на увозот од ЕУ, велејќи дека тоа ќе ја поттикне домашната индустрија и ќе го реши трговскиот дефицит.

За време на првиот мандат на Трамп, имаше жесток трговски конфликт меѓу САД и ЕУ. Во 2018 година, Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум, што ја натера ЕУ да одговори со царини за американски производи како што се бурбон, мотоциклите „Харли-Дејвидсон“ и фармерките. 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 отсто за увозот од Кина, и дека ниту една од тие три земји не може да не прави ништо за тоа да го одложи.

Меѓутоа, Трамп ја спомена можноста за исклучок за нафтата од Канада, наведувајќи дека царината за тој производ ќе биде 10 проценти, а најави и дека кон средината на февруари ќе бидат воведени повисоки царини за нафтата и природниот гас, што доведе до зголемување во цената на нафтата, јавија британските медиуми.

Американскиот претседател објасни дека овие цени ќе важат додека земјите не преземат поголеми мерки за намалување на протокот на мигранти и фентанил преку американската граница.

Трамп, синоќа на новинарите во Овалната соба, додека потпишуваше нови извршни наредби,  им рече дека е свесен дека тарифите може да предизвикаат повисоки цени за потрошувачите.

Економистите проценија дека високите царини би можеле да ја нарушат економската активност ширум светот.

На прашањето дали постои можност за одложување на царините, Трамп одговори: „Не, не. Не сега, не“.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО